Турција доби значаен адут во битката за висок пласман на наредните големи натпреварувања откако Шејн Ларкин прифати да го носи дресот на оваа репрезентација. Американецот има сезона за паметење во дресот на Анадолу Ефес, игра извонредно во Евролигата, што беше причина покрај Турците интерес за негов ангажман да покажат уште неколку репрезентации. Сепак, одличниот бек на крајот ја прифати понудата на земјата во која настапува во моментов.
„Чест ми е што ќе играм за репрезентацијата на Турција, горд сум што ќе ги бранам боите на оваа држава. Едвај чекам да го облечам дресот со турското знаме на моите гради“, објави Ларкин преку својот профил на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

