Кошаркарот на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин нема да го менува клубот ова лето, пренесуваат шпанските медиуми. Ларкин ќе остане во клубот од Истанбул иако неговиот договор со турскиот гигант истекува на крајот на јуни.
Се додава дека тој ја прифатил понудата од Ефес и ќе биде нивни играч во следните три сезони, иако наводно имал подобра понуда од градскиот ривал Фенербахче.
Фенербахче му понуди 11,5 милиони евра нето за три сезони, а понудата на Ефес е околу 10,5 милиони исто така за истиот период, но Ларкин реши да остане и да го поддржи новиот проект кој ќе има нов тренер и неколку нови играчи кои ќе дојдат оваа лето.
Искусниот плејмејкер е во тимот на Ефес од 2018 година и беше дел од тимот кој освои две Евролиги во 2021 и 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА