Анадолу Ефес се мачи да најде нов тренер по отказот за Кокошков, а во меѓувреме турскиот гигант доби лоша вест и околу здравствената состојба на својот најдобар играч, поентерот Шејн Ларкин.
Турскиот репрезентативец се повреди кон средината на ноември, но по консултациите беше решено тој да не биде опериран, туку да се лекува по алтернативен пат. За жал, таквите третмани не вродија со плод, па на крајот беше решено дека Ларкин сепак ќе мора да замине „под нож“.
Ефес вечерва преку соопштение објави дека Ларкин бил опериран во САД, дека хируршкиот зафат е успешен, но и дека експлозивниот бек ќе паузира уште најмалку два месеци од терените.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

