Искусниот плејмејкер на турската репрезентација, Шејн Ларкин упати пофални зборови за центарот Алперен Шенгур кој одигра фантастичен натпревар против Србија и беше еден од најзаслужните за големиот триумф.
Според натурализираниот Турчин нема дилема дека Шенгун е врвна класа, но и дека најдоброто од него допрва доаѓа. Тој беше нарекуван „бејби Јокиќ“, но веќе го има надминато овој прекар.
„Мислам дека не му се допаѓа тој прекар „бејби Јокиќ“. Можат да се видат многу случности во нивната игра. Алперен има високи цели, тој е многу самоуверено дете. Многу е талентиран и само небото е граница за него. Мислам дека не е ни блиску до најдобрата верзија од себе. Ќе продолжи да се развива и ќе биде се подобар. Тој прекар беше добар за него пред неколку години, но сега е поголем и подобар кошаркар откако започнаа да ги нарекуваат така“, вели Ларкин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

