Ларкин уште четири години во дресот на Ефес

Анадолу Ефес почна да ги решава клучните прашања за наредната сезона, во текот на вчерашниот ден беше потпишан нов договор со тренерот Мијатовиќ, а денеска беше официјализирано и останувањето на Шејн Ларкин.

Американецот со години важи за лидер на Ефес, тој беше меѓу најзаслужните за двете евролигашки круни, но Ефес се соочи со опасност од разделба откако лутиот ривал Фенербахче влезе во игра за потпис со извонредниот поентер.

Преговорите траеја неколку месеци , за на крајот 32-годишниот Ларкин да пресече и да потпише нов договор со Ефес, со важност до 2028 година.

Се вчитува...