Еден од најдобрите играчи на Шведска во историјата, Хенрик Ларсон, одигра 106 натпревари за „викинзите“.
Ларсон зборуваше за тоа како го доживеал расизмот како дете, и дека никогаш не се чувствувал 100% Швеѓанец, и покрај тоа што одигра многу натпревари за Шведска.
„Се чувствувам како странец, не знам кој бев. Знам дека одиграв за Шведска 106 натпревари, но никогаш не се чувствував 100% Швеѓанец. Можеби е тоа поради почитта на потеклото на мојот татко кој е од Капе Верде, но мислам дека не се чувствував целосно Швеѓанец додека не бев успешен“, рече Ларсон.
Тој кажа дека имал проблеми со бојата на кожата како мал.
„Живеев со луѓе од Југославија, Грција и Финска. Во мојата област јас бев единствен со темен тен. Се тепав неколку пати ако ме нарекуваа со расни имиња. Треба да се борите за себе. На почетокот не ми беше лесно, но постојат две опции: да легнете и да плачете или да продолжите да се борите. Јас ја одбрав втората опција“, рече екс играчот на Селтик и Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

