Лас Палмас го купува Елиф Елмас?

Македонскиот фудбалски суперталент, Елиф Елмас, кој со неполни 18 години настапуваше во дресот на младата репрезентација на Македонија на Европското првенство во Полска, е пред трансфер во шпанскиот прволигаш Лас Палмас. Скаути на овој клуб ги следеа игрите на фудбалерот на Работнички на натпреварите во Полска, откако тој претходно дебитираше и за А-репрезентацијата на Македонија на квалификацискиот меч против Шпанија, на 11 јуни во Скопје.

Елмас на трите натпревари на ЕП во Полска влегуваше како резерва во второто полувреме, но остави одличен впечаток, како еден од инспираторите на играта на младата селекција на Македонија во средниот ред. Лас Палмас е сериозно заинтересиран за неговите услуги и се очекува да испрати конкретна понуда за ангажман на младиот играч за врска. Елмас е се уште малолетен, ќе наполни 18 години на 27 септември, па Шпанците сакаат да го осигураат неговиот потпис ова лето, а најверојатно тој би се преселил во новиот клуб во следниот зимски преоден рок.

За Елиф Елмас постои интерес и од турскиот гигант Галатасарај, а тој од свои 16 години има преддоговор со холандскиот прволигаш Херенвен. Сепак, сега Лас Палмас е клубот што избива во преден план за негов ангажман.

Elif Elmas vs Portugal U-21 from AliZane on Vimeo.

Се вчитува...