Лас Палмас „лапна“ бод против Барселона

Изненадување на Канарските острови. Фудбалерите на Лас Палмас успеаја да ремизираат против лидерот Барселона, играјќи 1-1, што дополнително ја загрева атмосферата за шампионската титула во Ла Лига. Сега Барса има само пет бода предност во однос на второпласираниот Атлетико Мадрид, пред меѓусебната пресметка овој викенд на „Камп Ноу“.

Лионел Меси постигна одличен гол од слободен удар во 21.минута и сите помислија дека ова ќе биде уште еден рутински триумф на Барселона. Но, Џонатан Калери израмни од пенал во 48.минута, а потоа Лас Палмас грчевито го бранеше ремито се до самиот крај. Интересно, ова е прв пенал против Барселона во шпанското првенство по цели 746 денови.

Се вчитува...