Пабло Ласо направи потрес на европската кошаркарска мапа ова лето повлекувајќи се од функцијата главен тренер во Баерн Минхен и враќајќи се назад во Шпанија, потточно во Басконија каде воедно и ја започна професионалната кариера и настапуваше како играч од 1984 до 1995 година.
Ласо се врати назад во Шпанија и одново ќе биде дел од АЦБ лигата каде со успех го предводеше Реал Мадрид од 2011 до 2022 година, притоа делејќи совети на бројни ѕвезди. Една од нив е и Еди Таварес, „џинот“ кој како што вели Ласо, е единствениот играч на светот кој би го потпишал без дилема доколку има шанса за тоа.
„Ако можам да го потпишам било кој кошаркар на светот тоа би бил Таварес. Не сме во НБА и доколку сме таму можеби би одбрал некој друг, но ние сме во Европа, во Шпанија и Евролигата. Таварес е еден од оние кои најдобро ја познаваат играта затоа го бирам него пред било кој друг“, изјави Ласо во интервју за „Марка“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА