Ласо: Ме контактираше првиот човек на Звезда, но нема смисла да му кажете „ДА“ на првиот човек што ќе ве покани

Легендарниот тренер на Реал Мадрид, Пабло Ласо вели дека ја чека вистинската понуда, а уште говореше околу контактот со Црвена Звезда.

Ласо, кој се раздели со Реал на крајот од минатата сезона, вели дека никој директно не контактирал со неговиот агент, туку само доби ленколку пораки од претседателот на белградскиот клуб.

„Добив некои пораки од претседателот на клубот, но ништо конкретно не се случи, мојот агент не доби никаква понуда. Здрав сум, но не брзам да се вратам на клупата. Нема смисла да му кажете „да“ на првиот човек што ќе ве покани“, додава Ласо.

Се вчитува...