Ласо од лето на клупата на Панатинаикос

Трофејниот шпански кошаркарски тренер Пабло Ласо, летово ќе се врати во Евролигатата и ќе биде нов тренер на атински Панатиниакос, пишуваат медиумите во Грција.

Челниците на „зелено-белите“ сакаа Ласо уште сега да го презеде кормилото по отказот на Дејан Радоњиќ, но Шпанецот побарал тоа да биде по завршувањето на сезоната. Ласо ќе требад а потпише тригодишен договор со грчкиот тим.

Панатинаикос оваа сезона не игра според очекувањата во Евролигата. Тимот се наоѓа на 16. место од 18 екипи, и треба да се случи чудо да се пласира меѓу најдобрите осум.

Се вчитува...