Лацио стигна до победа на гостувањето кај Венеција од 1-3 во 19. коло од италијанската Серија А. Педро уште во третата минута донесе водство за „лацијалите“ од 0-1. До крајот на првиот дел домаќините израмнија со голот на Форте во 30. минута.
Во второто полувреме Ачерби повторно ги донесе во водство гостите во 48. минута, а конечните 1-3 ги постави Алберто во 95. минута.
Во вториот натпревар од 16.30 часот, Болоња стигна до лесен триумф над Сасуоло од 0-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА