Лацио лесно го совлада Сасуоло на гости со 0-3 и се врати на третата позиција на табелата во Серија А. Сергеј Милинковиќ – Савиќ беше стрелец на два гола за „лацијалите“, а во листата на стрелците се запиша и Чиро Имобиле, реализирајќи од белата точка.
Фиорентина на домашен терен беше поуспешна од Киево и славеше со 1-0, а аплаузите ги заслужи дефанзивецот Кристијано Бираги во шестата минута. Сампдорија исто така дојде до три бода со триумфот од 2-1 против Удинезе. Стрелец на првиот гол беше Матијас Силвестре, а во завршницата Дуван Запата зголеми на 2-0. Почесниот гол за Удинезе беше автогол на домашниот тим во последните моменти од мечот.
Резултати Италија: Фиорентина – Киево 1-0, Сампдорија – Удинезе 2-1, Сасуоло – Лацио 0-3, Верона – Торино 2-1, Кротоне – Спал 2-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА