„Лацијалите“ со бод од Кротоне, Удинезе блиску до опстанок

Лацио ремизираше (2-2) на гости против Кротоне и ја зголеми предноста во однос на Интер на три бода, во трката за пласман во Лигата на шампионите. Токму во последното коло на „Олимпико“ во Рим ќе се игра дуелот Лацио – Интер.

Лулиќ ги доведе „лацијалите“ во водство, но Сими и Кечерини направија целосен пресврт. Сепак, Сергеј Милинковиќ Савиќ со погодокот во 84.минута обезбеди реми и еден бод за Лацио.

Удинезе славеше на гости кај Верона (0-1), а стрелец за гостите беше Антонин Барак.

Резултати Италија: Болоња – Киево 1-2, Кротоне – Лацио 2-2, Фиорентина – Калјари 0-1, Торино – Спал 2-1, Верона – Удинезе 0-1.

Се вчитува...