Лацио го совлада Удинезе со 3-0 на „Олимпико“ и се зацврсти на третата позиција на табелата во Серија А со 46 бода. Домашниот тим поведе со автоголот на Самир во 22.минута, а во вториот дел Нани го зголеми водството на 2-0. Во завршницата од мелот, Фелипе Андерсон и по третпат ја затресе мрежата на Удинезе за убедлив триумф на римскиот состав.
Сега Лацио има три бода повеќе од четвртопласираниот Интер и убава позиција која води во Лигата на шампионите следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

