Лацио го совлада Торино со 3-1 и се врати на четвртата позиција во Серија А со 56 бода, четири помалку од третопласираниот Наполи, кој засега го чува местото кое води во квалификациите за Лигата на шампионите. „Лацијалите“ дури во финишот го скршија отпорот на гостите и успеаја да стигнат до трите бода.
Чиро Имобиле во 56.минута го отвори резултатот, но Торино израмни преку Макси Лопез. Сепак, Кеита Балде во 87.минута и Фелипе Андерсон во 90.минута постигнаа погодоци за триумф на „лацијалите“ од 3-1.
All Goals & Highlights HD – Lazio 3-1 Torino… by Super-By
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА