Лацио се соочува со нови проблеми пред самиот крај на оваа календарска година, откако Чиро Имобиле заработи незгодна повреда на гостувањето против Емполи.
Капитенот на „лацијалите“ мораше да биде заменет уште во првото полувреме, а деталните прегледи покажаа дека станува збор за истегнување на мускулот на ногата. За крајот на годината се закажани нови прегледи, но јасно е дека тренерот Сари најмалку 20 дена нема да може да смета на својот најдобар напаѓач.
Имобиле дефинитивно ќе го пропушти дуелот со Фросиноне во Серија А на крајот од 2023, како и оној со Удинезе на почетокот од 2024 година.
Лацио разочарувачки ја стартуваше оваа сезона, римскиот клуб моментно се наоѓа на деветтото место на табелата, со огромни 20 бода заостанување зад лидерот Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

