Лацио без тројца клучни играчи на пат за Русија

Лацио ќе биде сериозно ослабен за утрешното гостување против Зенит откако тројца клучни фудбалери отпаднаа од комбинација и не отпатуваа со експедицијата на римскиот клуб на гостувањето во Санкт Петербург.

Најдобриот стрелец Чиро Имобиле нема да го предводи нападот на „лацијалите“ на ова тешко гостување, а Инзаги на располагање ќе го нема ниту првиот голман Стракоша, како и Бразилецот Лукаш Леива, кој е прва опција на позицијата последен играч за врска. Римјаните до последен момент чекаа да добијат дозвола од УЕФА за настап на овие тројца фудбалери кои го пропуштија последниот дуел со Бриж поради коронавирус, но откако европската куќа на фудбалот не даде зелено светло „лацијалите“ полетаа без овие клучни играчи за Русија.

Покрај ова ударно трио, тренерот Инзаги нема да може да смета ниту на Лазари, Луис Алберто и на Андерсон, за дополнителни главоболки за составување на тимот што ќе се обиде да остане непоразен во Санкт Петербург.

Се вчитува...