Италијанскиот калчолигаш Лацио досега нема добиено ниту една конкретна понуда за српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ – Савиќ. Спортскиот директор Игли Таре демантира дека клубот преговара со ПСЖ за трансфер на одличниот играч за врска.
„Немам што да кажам, бидејќи ние не водиме преговори. Немаме потреба да го продаваме Милинковиќ – Савиќ. Тоа се приказни што ги измислуваат медиумите. Не знам ни колкава би била неговата цена затоа што немаме добиено ниту една понуда“, изјави Таре.
Сергеј Милинковиќ – Савиќ го носи дресот на Лацио од 2015 година, а претходно играше за Генк и за Војводина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА