Италијански Лацио преку официјално соопштение ги демантираше шпекулациите во медиумите дека тренерот Маурицио Сари е пред отказ од клубот.
Раководството на „лацијалите“ информира дека му ја дава целосната доверба на главниот тренер Маурицио Сари и по поразот кој неговиот тим го доживеа на гостувањето од Баерн Минхен во осминафиналето од Лигата на шампионите.
„Сари има договор со Лацио до јуни 2025 година, а сите гласини за негово заминување се неточни“ – се вели во соопштението од Лацио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА