Лацио ја засили одбранбената линија потпишувајќи договор со Матео Мусакио, кој го засили римскиот клуб од редовите на Милан. Аргентинскиот дефанзивец мина три и пол години во дресот на „росонерите“, но сезонава воопшто не беше дел од плановите на тренерот Пиоли.
Мусакио бараше да си замине уште пред стартот на сезонава, но тогаш не доби интересна понуда. Симоне Инзаги беше во потрага по нов одбранбен фудбалер, експресно беше најден заеднички јазик, а Милан се согласи да го ослободи 30-годишниот Аргентинец за симболична отштета од еден милион евра.
Мусакио кариерата ја почна кариерата во аргентинскиот клуб Ривер плејт, а во Европа најдобрите настапи ги имаше во дресот на Вилјареал, клуб чии бои ги бранеше од 2011 до 2017 година.
Аргентинецот одигра 75 натпревари за Милан, притоа постигнувајќи и два погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

