Лацио е пред потпис со Берарди

Лацио е на добар пат да осигура значаен трансфер откако римскиот клуб влезе во последна фаза од преговорите со Сасуоло за ангажман на Доменико Берарди. Одличниот 28-годишен напаѓач веќе неколку сезони е поврзуван со „големите“ италијански клубови, лани му пропадна трансферот во Интер, а Лацио планира уште на почетокот на овој преоден рок да го осигура потписот на Берарди.

Личните детали се веќе средени, откако фудбалерот го прифати четиригодишниот договор понуден од страна на Клаудио Лотито. Во тек се и преговорите меѓу двата клуба, а се очекува во најскоро време да биде постигнат и договор меѓу клубовите. Начелно е договорено висината на трансферот да изнесува почетни 20 милиони евра, а сега се дискутира околу начинот на исплата и клаузулите што би можеле да му донесат на Сасуоло дополнителна заработувачка.

„Лацијалите“ воедно ги продолжуваат и преговорите со Хуан Квадрадо, за колумбискиот ветеран по истекот на договорот со Јувентус како слободен играч да пристигне на „Олимпико“.

Се вчитува...