Лацио им се врати на победите во Серија А декласирајќи го Спал со 5-1 на домашен терен. По ремито со градскиот ривал Рома, „лацијалите“ лесно славеа против аутсајдерот и во моментот се искачија на втората позиција со 49 бода, еден повеќе од Интер кој вечерва игра против Удинезе.
Чиро Имобиле и Фелипе Каиседо беа стрелци на по два гола, а во листата се запиша и Адеканје. Единствениот гол за Спал беше дело на Мисироли.
Џенова имаше водство од 1-2 на гости кај Аталанта, а потоа со играч помалку успеа да извлече реми, 2-2. Горан Пандев пстана на клупата за резервни фудбалери на овој меч.
Милан ремизираше 1-1 против Верона на „Сан Сиро“. Гостите поведоа со голот на Фараони, а израмни Чалханоглу во 29.минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

