Матео Гендузи со перманентен договор останува дел од Лацио и во следната сезона. Французинот е позајмен во римскиот тим од Олимпик Марсеј, со можност за откуп од 13 милиони евра, плус 5 милиони за бонуси, а „лацијалите“ ја активираше клаузулата.
Гендузи во минатото беше дел од Арсенал, Херта и Лориен. Играчот од средниот ред за Лацио одигра 28 натпревари и постигна два гола.
Во меѓувреме стана и француски репрезентативец, и за селекцијата на Франција има одиграно осум натпревари и постигнато еден погодок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА