Лацио го исфрли бранителот на трофејот во Купот на Италија

Лацио обезбеди пласман во полуфиналето од Купот на Италија откако римскиот клуб по голема борба, дури по изведување на пенали го совлада тимот на Болоња.

„Болоњезите“ се актуелни бранители на трофејот во националниот куп, но вечерва и покрај добрата игра не успеаја да најдат начин да стигнат до победата. А први дојдоа во водство со погодокот на Кастро, но Нослин стрелаше прецизно на спротивната страна на самиот почеток од второто полувреме.

Болоња имаше повеќе од играта, но не успеа да постигне и втор гол, за што цената ја плати во пенал–рулетот. Фергусон прв промаши пенал за домашниот тим, во третата серија непрецизен беше и Орсолини, по што „лацијалите“ со четири прецизни удари од белата точка се пласираа во полуфиналето, каде ќе ги чека пресметка со Аталанта.

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Интер и Комо.

Се вчитува...