Италијанскиот калчолигаш Лацио е во завршни преговори за ангажман на шпанскиот интернационалец Хесус Навас, кој ова лето е слободен агент, откако се раздели со Манчестер сити. Тој имаше неколку понуди за враќање во Шпанија, но се чини дека Серија А и Лацио се поголем предизвик за него.
Раководството на „лацијалите“ е подготвено да му понуди двегодишен договор и 3,5 милиони евра по сезона, што е навистина примамлива понуда за 31-годишниот фудбалер. Во сериозна игра за неговиот потпис е и Севилја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА