Лацио го потпиша и Данецот Исаксен

Лацио конечно влезе во ритам кога станува збор за ангажман на нови фудбалери, нешто што тренерот Маурицио Сари упорно го бараше од претседателот Лотито. Откако беше постигнат договор за слободен трансфер на Јапонецот Камада од Ајнтрахт, денеска римскиот клуб комплетираше уште еден трансфер, потпишувајќи договор со Густав Исаксен.

Данскиот крилен офанзивец пристигнува од редовите на Митјиланд, а „лацијалите“ ќе платат 15 милиони евра за овој трансфер. Исаксен имаше извонредна сезона за Митјиланд, постигнувајќи фантастични 22 гола и 9 асистенции на вкупно 45 средби во сите натпреварувања. Тој ги мина лекарските прегледи во Рим, по што денеска и официјално  потпиша договор до 2028 година.

Следен на листата со желби е искусниот голман Самир Ханданович, кој би дошол како резервен чувар на мрежата. Словенецот е слободен играч по истекот на договорот со Интер, а со своето искуство сигурно би бил од помош на „лацијалите“ во новата натпреварувачка сезона.

Се вчитува...