Лацио го продаде Гендузи во Фенер, замената доаѓа од Ајакс

Матео Гендузи денеска и официјално си замина од Лацио откако римскиот клуб претходно ги договори сите детали од договорот со Фенербахче.

Турскиот клуб ќе плати 28 милиони евра за францускиот играч за врска, кој синоќа по дуелот со Фиорентина се збогуваше со навивачите, за утрово да се појави видео-снимка како ја напушта својата куќа и се упатува кон аеродромот во Рим. Тренерот Сари не криеше дека во Гендузи гледа лидер на средината на теренот, но Лацио се соочува со сериозни финансиски проблеми и не можеше да си дозволи да ја одбие понудата од Турција.

Римскиот клуб веднаш договори и ново засилување кое треба да биде директна замена за Французинот. Станува збор за Кенет Тејлор, 23-годишен холандски играч за врска кој во трансфер вреден 15 милиони евра ќе пристигне на „Олимпико“ од редовите на Ајакс.

Се вчитува...