Лацио го продолжи договорот со 37-годишниот Педро

Екипата на Лацио објави дека го продолжи договорот со 37-годишниот шпански фудбалер Педро Родригез на уште една година, односно до јуни 2026 година.

Во сезоната 2024/25, Педро постигна 10 голови на 30 натпревари од Серија „А“, и го подели првото место во тимот со напаѓачот Валентин Кастеланос. Токму со двата гола против Интер, Педро придонесе титулата да замине во Неапол, кај Наполи.

Во вкупно 176 меча за „лацијалите“, Шпанецот постигна 34 голови.

Се вчитува...