Лацио го продолжи договорот со својот прв голман

Голманот на Лацио, Иван Проведел потпиша нов договор со „лацијалите“. Договорот е до летото 2027 година.

Проведел е дел од тимот на „бјанкочелестите“ од 2022 година кога дојде од Специа. Дојде како втор голман, а набрзо стана прв чувар на мрежата на римскиот клуб.

Во својата дебитантската сезона имаше најмногу „чисти мрежи“ од сите голмани во Серија „А“, и беше избран за најдобар чувар на мрежата во италијанскиот шампионат.

29-годишниот голман има и еден гол сезонава, откако постигна погодок против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите во ремито 1-1.

Досега Проведел заработуваше 1,2 милиони евра по сезона, а новиот договор му гарантира речиси двојно поголема плата.

Се вчитува...