Лацио оствари голема победа над Јувентус во 29. коло во Серија „А“, и правејќи голем чекор кон Лигата на шампионите со оглед дека „лацијалите“ сега се искачија на второто место на табелата зад недостижниот Наполи.
Римскиот клуб беше подобар, можеше да слави и поубедливо, но на крајот можеше и да ги загуби бодовите.
Милинковиќ-Савиќ во 38. минута на асистенција на Закањи погоди со глава во мрежата. Сепак, недолго потоа Рабио успеа да се снајде во гужвата и да погоди, за на полувреме се замине со 1-1.
Во вториот дел Закањи постигна прекрасен гол во 53. минута за нова предност на Лацио. Во финишот Јувентус напаѓаше, имаше и неколку шанси, најсериозната преку Фаџоли, но не успеа да погоди и на крајот голема радост на трибините во Рим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА