Лацио стигна до планирани три бода во рамките од 26. коло во Серија А откако римскиот клуб славеше во пресметката со Удинезе со минимални 1-0. Имобиле беше стрелец од пенал во 72. минута, со што римјаните конечно го скршија отпорот на тврдоглавиот противник.
Со идентични 1-0 славеше и Милан, но на гостински терен против секогаш незгодниот Сасуоло. Триумфот на „росонерите“ е судиски подарок со оглед на фактот дека Бака при изведувањето на пеналот топката ја удри со двете нозе, што е недозволено, но арбитрите го признаа овој погодок.
Џенова под водство на новиот тренер Мандорлини едвај стигна до бод на домашен терен против Болоња (1-1). Горан Пандев не влезе во игра на оваа средба, а израмнувачкиот погодок за Џенова го постигна Нчам во 94. минута.
Резултати Италија:
Киево – Пескара 2-0, Кротоне – Калјари 1-2, Лацио – Удинезе 1-0, Сасуоло – Милан 0-1, Џенова – Болоња 1-1.
All Goals Highlights HD Lazio 1-0 Udinese 26… by lifefootballCarlos Bacca Goal HD – Sassuolo 0-1 AC Milan… by Jek09PreAll Goals – Genoa 1-1 Bologna – 26.02.2017 by timefootball
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА