Екипата на Лацио направи чекор подалеку од Европа, откако одигра само нерешено 1:1 во дуелот со Парма на „Олимпико“. „Лацијалите“ имаа негатива, а на крајот успеаја да стигнат до еден бод.
Делпрато во 15. минута донесе предност за Парма. Најдобро се снајде во мешаницата по нафрлена топка, и ја смести во мрежата на домаќините.
Лацио долго време го бараше патот кон голот на Парма. Нослин на асистенција на Тејлор успеа да ја смести топката во голот и да донесе бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

