Лацио избра тренер: Сари се враќа на „Олимпико“

Клаудио Лотито експресно го реши тренерското прашање во Лацио по заминувањето на Марко Барони, па така на „Олимпико“ летово ќе се врати Маурицио Сари.

Искусниот стратег кој своевремено ги водеше Наполи, Јувентус и Челси  последен ангажман имаше токму во Лацио, од каде самиот си поднесе оставка во март 2024 година. Тој беше без ангажман во последната година, но сепак успеа експресно да се договори со Лотито за камбек на клупата на римскиот клуб.

Италијанските медиуми информираат дека на денешните преговори е постигнат целосен договор, Сари се согласил да потпише до јуни 2027 година за плата од 2,8 милиони евра. Искусниот стратег воедно успеал да издејствува во преговорите да има поголема контрола врз трансферите, што впрочем и беше главна причина за конфликтот ланската сезона поради што Сари на крајот си замина од „Олимпико“.

Тој добил гаранција дека дури и доколку некој од клучните играчи си замине, Сари ќе има целосна слобода во носење на негова замена, со целокупниот буџет што ќе се добие од тој трансфер.

Се вчитува...