Лацио ја продолжува победничката низа во Серија А совладувајќи ја Болоња со 2-0 на „Олимпико“. Со овој триумф „лацијалите“ се искачија на врвот на табелата во италијанскиот шампионат со два бода предност во однос на лидерот Јувентус, кој има одиграно меч помалку.
Луис Алберто во 18.минута донесе водство за Лацио на овој дуел, а Хоакин Кореа зголеми на 2-0 само три минути подоцна. Болоња не се откажа така лесно од бодовите, избраниците на Синиша Михајловиќ двапати ја тресеа мрежата на противникот, но и двата гола не беа признати по прегледување на ВАР снимката.
Болоња со 34 бода се наоѓа на десеттата позиција на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

