Триумфалната серија на Лацио продолжи и на денешниот дуел со Калјари, на кој избраниците на Симоне Инзаги триумфираа со 1-0 и ја забележаа шестата победа во серија во Калчо-лигата.
Римскиот клуб се соочи со поголеми проблеми од очекувањата, во првото полувреме не можеше да го скрши отпорот на гостите од Сардинија, но затоа во вториот дел блесна Имобиле, кој го постигна единствениот погодок на асистенција на Милинковиќ – Савиќ.
„Лацијалите“ со оваа победа се израмнија со Рома со по 40 бода на делба на четвртото место, со девет бода заостанување зад лидерот Милан.
Ciro immobile Scores
Lazio vs Cagliari
1-0 62′ https://t.co/h8aA05t1y7 pic.twitter.com/fyGP1Vn8YW
— Pete’s BETTING TIPS (@PeteNenaTIPS) February 7, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

