Во дуелот од 16. коло во италијанскиот шампионат, Лече со пресврт пред своите навивачи стигна до триумф од 2-1 против Лацио. Римскиот клуб иако го „лови“ врвот во Серија „А“, сепак, направи неочекуван кикс.
Лацио поведе во 14. минута со голот на Имобиле. Сепак, Лече во вториот дел со головите на Стрефецо и Колумбо, успеа да стигне до трите бода.
Дамка на мечот оставија навивачите на „лаијалите“ кои на крајот на расна основа го навредуваа домашниот фудбалер Самуел Умтити, поранешниот играч на Барселона и на францускиот национален тим. Мета на навредите беше и напаѓачот на Замбија, Ламек Банда, а судијата на кратко го прекина натпреварот.
Умтити поради навредите заплаче и така предложи натпреварот да продолжи. Водството на Серија „А“ веднаш го казни Лацио со затворање на едната трибина на „Олимпико“ за дуелот со Емполи. Така „лацијалите“ ќе бидат без своите наверни фанови на следниот дуел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА