Еврејската заедница од градот Рим го осуди однесувањето на навивачите на Лацио за време на неделното дерби со Рома.
Од трибините се слушаа антисемитски извици, но тоа не беше крајот на провокациите на навивачите на Лацио, кои се познати по десничарската ориентација.
„Целата трибина пееше антисемитски скандирања, навивачот носеше дрес на Хилтерсон со број 88, а како и секогаш, ние сме единствените кои протестираме“, напиша Рут Дуреџело, претседателка на Еврејската заедница.
Лацио славеше над градскиот ривал Рома со 1-0 и изби на втората позиција на табелата во Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА