Лацио минимално до четвртфинале во Копа Италија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лацио се пласираа во четвртфиналето на Копа Италија, откако во денешниот осминафинален меч славеа на домашен терен на „Олимпико“ против Болоња со минимални 1-0.

Клучниот момент во натпреварот се случи во 33. минута кога Фелипе Андерсон на асистенција на Педро ги постави конечните 1-0. Во четвртфиналето Лацио го чека подобриот од мечот меѓу Јувентус и Монца меч кој е закажан во 21 часот.

Се вчитува...