Лацио му го нанесе првиот пораз на Наполи

Лацио му го нанесе првиот пораз на Наполи во италијанското првевнство откако на гостувањето во Неапол во 3. коло славеше со 1-2.

Натпреварот го отвори Луис Алберто со гол во 30. минута, но само две минути подоцна Зиелински изедначи на 1-1. Овој резултат остана на семафорот и до крајот на првото полувреме, а победоносниот гол за Лацио го постигна Камада во 52. минута.

Македонскиот репрезентативец Елиф Емлас не доби шанса на средбата.

Се вчитува...