Милан и дефинитивно немаше добар почеток на 2023 година. Тимот има само една победа на почетокот на јануари против Салернитана, а од тогаш „потоп“. Најпрво реми со Рома, па елиминација од Купот од Торино, па „спас“ кај Лече, и пораз во финалето во Супер-Купот од Интер со 3-0.
Вечерва „росонерите“ во Рим доживеаја нова катастрофа, овојпат во Серија „А“. Беа поразени од Лацио со убедливи 4-0, со што тимот на Стефано Пиоли полека се збогуваат од титулата, со оглед дека Наполи остана „цвсрто“ на врвот со 12 бодови предност. Лацио, пак, му се доближи сега на Милан на еден бод на табелата.
Милинковиќ-Савиќ уште во 4. минута донесе предност за Лацио по одлична акција, за Закањи во 38. минута да донесе 2-0.
Целосниот „бродолом“ на Милан беше најавен во 67. минута откако Луис Алберто погоди од пенал, а во 75. минута Фелипе Андерсон ги постави конечните 4-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА