Лацио на феноменален начин го претстави Сари како нов тренер (ФОТО)

Лацио и официјално има нов тренер. Клупата на „небесносините“ ќе ја преземе Маурицио Сари (62), кој денес потпиша двегодишен договор. Тимот од „Олимпико“ на одличен начин објави дека Сари е новиот тренер на клубот.

Тие објавија емотикан од запалена цигара на Твитер, а бидејќи е познато дека Сари е страствен пушач, јасно е дека тој е новиот тренер на клубот.

Сари потпиша двегодишен договор со Лацио вреден три милиони евра по сезона со можен бонус од еден милион евра во зависност од резултатите. Тој го замени Симоне Инзаги кој го презеде Интер. Искусниот стручњак се врати на тренерската позиција по пауза од една година, а во претходниот период беше на платен список на торинскиот Јувентус. Претходно тој работеше на позицијата тренер за Челси, Наполи и Емполи, како и во низа пониски лиги.

 

 

 

 

 

Се вчитува...