Лацио на колена, Рома владее во „вечниот град“

Рома покажува знаци на живот во оваа турбулентна сезона, откако избраниците на Клаудио Раниери ги израдуваа навивачите на најважниот меч за нив, градското дерби со Лацио. „Волчицата“ влезе во овој дуел како 11. екипа на табелата, но уште еднаш се покажа дека ваквите дерби пресметки се добиваат на мотивација и тимски дух, па „црвено-жолтите“ благодарение на фуриозниот старт стигнаа до значајна.

Првиот гол на Рома беше дело на Пелегрини, откако италијанскиот репрезентативец одлично се снајде и од работ на шеснаесетникот мајсторски ја пласираше топката во мрежата.

Лацио се отвори и се обиде да се врати со пресинг, но Рома казни по еден беспрекорен контранапад што Салемакерс го претвори во гол за 2-0 на асистенција на Пауло Дибала.

Лацио тргна во офанзива во вториот дел, но штом Рома ги издржа почетните десетина минути иницијативата на гостите не делуваше веќе така опасно, па тимот на Клаудио Раниери на крајот заслужено се радуваше на голема победа.

Страстите зовреа во судиското продолжение по конфликт меѓу Кастелјанос и Хумелс, за што фудбалерот на Лацио доби директен црвен картон.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...