Лацио „намерачи“ српски репрезентативец

Италијанскиот прволигаш Лацио зимскиот преоден рок сака да го искористи за трансфер на српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ.

Дваесетитригодишниот фудбалер од средниот ред прикажа одлична игра во дерсот на Аталанта оваа сезона забележувајќи три голови и две асистенции во 18 одиграни натпревари во Лигата на Шампиони, Серија А и Купот на Италија па стана „мета“ на Маурицио Сари.

Самарџиќ е дел од елитниот италијански шампионат од 2021 година каде премина од редовите на Лајпциг во Удинезе.

Се вчитува...