Лацио го губи чекорот со водечките екипи во Серија А откако римскиот клуб остана без триумф и на третиот меч во низа, овојпат на домашен терен против Комо (1-1).
Римјаните имаат за што да жалат ако се знае дека по првото полувреме имаа водство од 1-0 по голот што го постигна Диа, но скапо ја платија глупоста на Чауна. Овој 21-годишен фудбалер од Франција за нецели две минути направи два старта за жолт картон, за што беше заслужено исклучен на триесетина минути до крајот.
Комо очекувано ја презеде иницијативата, ја пресели играта пред шеснаесетникот на домаќините и стигнаа до заслужено израмнување кога Кутроне се најде на вистинското место во 72. минута и стрелаше прецизно за 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА