Српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ-Савиќ повторно е трансфер цел на европските клубови. Фудбалерот од средниот ред кој во минатото се поврзуваше со премин во Манчестер Јунајтед сега се најде на списокот на желби на Њукасл кој испрати и понуда од 60 милиони евра која сепак беше експресно одбиена.
Лацио кој во минатото одбиваше и понуди од 100 милиони евра, овој пат цели на трансфер со вредност од 80 милиони евра, а со оглед на финансиите со кои располага клубот со најбогат газда на светот се очекува и нова, побогата понуда која конечно би го довела Србинот во Премиерлигата.
Милинковиќ-Савиќ е дел од Лацио од 2015 година. За клубот од главниот град на Италија одигра 316 натпревари на кои забележа 63 гола и 58 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА