Вечерва се одиграа уште два натпревари во Серија „А“, со кој беше познато дека Лацио ќе заврши како вицешампион на Италија со победата над Емполи од 0-2.
Головите за „лацијалите“ ги постигнаа Ромањоли и Луис Алберто во вториот дел од средбата, со што дефинитивно тимот од Рим го презеде второто место од Интер, кој попладнево го совлада тимот на Торино.
Во меч без никакво натпреварувачко значење, Кремонезе го совлада тимот на Салернитана со 2-0, и со победа се прости од настапите во Серија „А“. Идната сезона Кремонезе ќе игра во Серија „Б“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА