Лацио останува и без „синот на Лотито“

Лацио пред десетина дена го продаде Сергеј Милинковиќ – Савиќ во Ал Хилал, а римскиот клуб е на добар пат да остане и без вториот лидер на тимот, повторно со трансфер во Саудиска Арабија. Чиро Имобиле се наоѓа на излезна врата откако одличниот голгетер добил неодолива понуда и почнал да притиска да му биде дозволено да си замине на „Олимпико“ и добро да заработи пред крајот на својата кариера.

Претседателот Лотито при продажбата на Милинковиќ – Савиќ децидно порача дека нема шанси да го продаде Имобиле, бидејќи на голгетерот гледа како на „свој син“ што ќе остане во Лацио до крајот на кариерата. Сепак, ситуацијата во меѓувреме се промени, откако два клуба од Саудиска АРабија му понудија на Имобиле вкупно 35 милиони евра за двогодишна соработка.

Станува збор за Ал Шабаб и Ал Веда, кои испратија и официјални понуди до Лацио, но Лотито ги одби барајќи отштета од минимум 40 милиони евра.

Се очекува преговорите да продолжат во наредните денови, па лесно може да се случи римјаните да останат без уште еден клучен играч, по што Сари и Лотито ќе треба да направат мини-ремонт за повторно да состават конкурентна екипа.

Се вчитува...