Лацио отстрани играч поради недисциплина

Тренерот на Лацио, Мауруцио Сари го отстрани играчот од средниот ред Матиас Весино на вчерашниот меч против Џенова во Купот на Италија поради недисциплина, објавија од клубот.

Според „Газета“, Весино се скарал во тренерот Сари во неделата наутро, и поради тоа играчот е отстранет од тимот за денешниот натпревар. „Кориере дело Спорт“ пишува дека отстранувањето на Весино е поради лошите игри во последно време.

Саимиот Весино ја признал одлуката, но ги отфрли шпекулациите дека бил отстранет поради непочитување.

„Сакав да разјаснам некои работи. Тажен сум што нема да бидам на располагање за тимот, но ја прифаќам одлуката. Сакам да се разјасни дека причините затоа што ќе ме нема, немаат врска со натпреварот со Каљари, ниту за мое незалагање на тренинзите. Секогаш сум бил директен човек кој го кажува мислењето, но никогаш не сум непочитуван. Имам желба што поскоро да се вратам на фудбалот. Форца Лацио“, напиша тој на Инстаграм.

Се вчитува...