Лацио „потона“ во Комо, Каљари во финишот зеде бод со Фиорентина (ВИДЕО)

Фудбалерите на Комо го совладаа Лацио на стартот од италијанската Серија „А“. На крајот домашниот тим славеше триумф со 2-0, благодарение на головите во вториот дел, и така расипувајќи му го „кам-бекот“ на Маурицио Сари на клупата на римскиот тим.

Довикас во 47. минута донесе предност на асистенција на Паз, а потоа асистентот Паз самиот погоди прекрасно од слободен удар во мрежата на „лацијалите“ за конечен триумф од 2-0.

Каљари и Фиорентина одиграа нерешено 1-1. Мандрагора му донесе предност на гостинскиот тим во 68. минута, која ја поништи Луперто во самиот финиш од мечот.

Се вчитува...